Прескокни кон содржината
REWAYA MAJESTIC RESORT
Повлечи за повеќе слики

REWAYA MAJESTIC RESORT

Ал Ахијаа РоадUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа северно од Хургада, на околу 20 км од аеродромот и околу 15 км од центарот на градот.

Сместување

Хотелот располага  751 соба распоредени на 6 ката.. Сите соби имаат бања, сеф, мини бар, клима уред, Wi-Fi, тераса или балкон.
Стандардни соби 48 м², со француски кревет или два единечни кревети. Може да имаат и поглед кон море.
Bungalow соби 52 м², со француски кревет или два единечни кревети. Може да имаат поглед кон море и имаат тераса.
Family соби 65 м², со лизгачка врата помеѓу двете простории и една бања.
Со доплата: услуги за перење и пеглање, телефон.

Содржини

Хотелот се простира на површина од 45.000 м². Хотелот има ресторани, барови, рекреативни содржини и забавни активности за сите генерации. За деца на возраст од 6 до 12 години на располагање е мини клуб кој работи секојдневно од 10:00 до 18:00 часот, а во рамките на аквапаркот се предвидени и безбедни зони за деца.

Со доплата: салон за убавина, менувачница, лекар на повик, продавници за сувенири.

Спорт и забава

Хотелот нуди секојдневни активности и вечерна анимациска програма, како и дискотека со бесплатен влез (пијалаците се наплаќаат). Гостите можат да користат повеќе базени, вклучувајќи и базен само за возрасни (waves swimming pool), како и аквапарк со тобогани за деца и возрасни.Достапни се и спортски активности како фудбал на песок, одбојка на плажа, пикадо, билијард и мини фудбал. Гостите на хотелот (само 16+) можат бесплатно да го користат фитнес центарот. Според хотелската политика, задолжително е користење спортска обувка во теретаната.
Со доплата: билијард, мини фудбал.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор од повеќе јадења според хотелските правила). Во концептот се вклучени локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и ужини во Snack зоната и Food Court-от на плажата.
Гостите можат еднаш за време на престојот да вечераат во секој од а la carte рестораните: либански (Shahrzad), италијански (Novella), кинески (Red Dragon), мексикански (La Casa) и индиски (Taj), додека рибниот ресторан (H.S) е со доплата.
Алкохолните пијалаци се вклучени од 10:00 до 24:00 часот, а по полноќ се наплаќаат. Lobby барот работи 24 часа дневно, додека баровите покрај базенот и на плажата се достапни од 10:00 до 17:00 часот.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, à la carte. . .

Плажа

Хотелот има сопствена песочна плажа со плитка вода (изразена плима и осека), па се препорачува користење обувки за капење. Лежалки и чадори за сонце и пешкири се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

KM12 Ahiaa Road, Hurghada 2, Red Sea Governorate 84734, Egypt

Отвори во Google Maps