
PICKALBATROS AQUA PARK RESORT
Локација
Хотелот се наоѓа на околу 15 км од центарот на Хургада и околу 7 км од аеродромот.
Сместување
Хотелот располага со 296 соби распоредени во три катни згради. Сите соби имаат поглед кон базен или градина, бања со туш, фен, мини бар, сеф, клима, сателитска ТВ, телефон, пегла (на барање), балкон или тераса.
Standard Rooms 23 m², една спална, макс. 2+2.
Family Rooms 41 m², две посебни спални соби, макс.2+2 или 4 возрасни.
Хотелот има соби за лица со попреченост.
Содржини
Отворен е во 2000 година, и се наоѓа веднаш зад Beach Albatros Resort (ги дели улица). Главен ресторан со шведска маса, А la carte ресторани (со азиска и италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс, дискотека. Гостите може да користат одредени барови и ресторани во Aqua Vista, Aqua Blu и Beach Albatros Resort. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните површини.
Со доплата: доктор, перење алишта, продавници, изнајмување кола, фризер.
Спорт и забава
Хотелот има четири базени за возрасни (еден е загреан во зима) и еден базен за деца, тобогани за возрасни, аква парк, ватерполо, аеробик и гимнастика, теретана, одбојка, тениски терен, пинг понг, пикадо. Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер, мини клуб за деца (4-12 год), мини диско, аква парк и детско игралиште.
Гостите може да ги користат базените на Albatros Aqua Blu и Aqua Vista. Со доплата: спа центар, третмани и масажи, сауна, парна соба, билијард, опрема за тенис и осветлување за тениските терени, спортови на вода, нуркање.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот (во Aqua Blue и во Beach Albatros Resort), вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, палачинки и сладолед во одредено време, коктели, кафе, чај, колачи, А la carte ресторани со претходна резервација.
Со доплата се сите увозни и премиум пијалаци, пијалаци во шише и лименка, пијалаци после полноќ, пијалоци во дисктека (во Aqua Blu), наргиле, услуга во соба.
Плажа
Хотелот има сопствена плажата е на околу 500 м од хотелот, зад Beach Albatros Resort и има бесплатен превоз од хотелот. Мал дел е со корален гребен, а поголемиот дел е зона за капење. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Villages Road, Hurghada 1, Red Sea Governorate 1962021, Egypt
Отвори во Google Maps