Прескокни кон содржината
MOVENPICK WATERPARK RESORT & SPA SOMA BAY
Повлечи за повеќе слики

MOVENPICK WATERPARK RESORT & SPA SOMA BAY

Абу СомаAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на 45 км јужно од Хургада и од аеродромот во Хургада.

Сместување

Вкупно 418 соби.
Classic Mountain / Lagoon / Pool view Room (30 m², панорамски прозорец или француски балкон, макс. 2+1 дете).
Deluxe Room Garden / Lagoon View (35-40 m², панорамски прозорец, француски балкон или тераса, можност за конектирачки соби, макс. 3 лица или 2+2).
Deluxe Sea View (58 m², балкон, можност за конектирачки соби, макс. 3 лица или 2+2).
Family Room (60 m², една поголема спална со софа, балкон, макс.3 лица или 2+2).
Junior Suite (65 m², спална соба, дневна соба со трпезарија, балкон, макс.3 лица или 2+2).
Deluxe Suite (105 m², една спална соба, една дневна соба, балкон со поглед на базен, море, или лагуна, макс.3 лица или 2+2).  
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина или када, фен, клима уред, фен, мини бар (со доплата), сеф, електричен бокал, телефон, сет за кафе и чај, телевизор со сателитски канали, балкон, Wi - Fi интернет.

Услуга

Сѐ Вклучено - шведска маса со појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски, вечера, сладолед во одредено време, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци во баровите од 11:00 до 23:00, бар на плажа, бар покрај базен. Не е вклучено: увозни пијалаци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови, услуга во соба, наргиле, сладолед Movenpick, À la Carte рестораните се со претходна резервација и доплата.

Содржини

Главен ресторан ,,Bay View’’ со шведска маса,  À La carte ресторани (со италијанска и арапска кујна), барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор, продавници, телефон, перење и пеглање алишта, изнајмување кола, салон за убавина. WI-FI интернет е бесплатен во хотелот.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки и чадори за сонце.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца(1 базен кој се загрева во зимскиот период), фитнес центар, одбојка на плажа, аква аеробик.
Се доплаќаат: спортови на вода, нуркање, сауна, масажа, СПА центар и центар за убавина, тениски терени и опрема за тенис, јавање коњ и камила. Забавни програми во текот на денот и навечер. Клуб за деца, детско игралиште, разни активности за деца.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Km 49 Hurghada Safaga Hw, Soma Bay, Red Sea Governorate, Egypt

Отвори во Google Maps