Прескокни кон содржината
MOVENPICK RESORT & SPA EL GOUNA
Повлечи за повеќе слики

MOVENPICK RESORT & SPA EL GOUNA

Ел ГунаAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Ел Гуна на 30 мин од аеродромот во Хургада.

Сместување

Вкупно 420 соби
Стандардни соби (40 м², еден дупли кревет или два поединечни, тераса со поглед на градина).
Делукс соби (со балкон или тераса со поглед на залив или море),
Фамилијарни дуплекс соби (50 м², со дупли кревет на долниот кат и два поединечни кревети на горниот кат),
Делукс апартман (72 м², една спална соба и една соба за дневен престој).
Фамилијарен апартман (112 м², две спални соби, секоја со посебно купатило и соба за дневен престој).
Сите соби со купатила со туш кабина, фен, клима уред, сателитска ТВ, телефон, бесплатен WI-FI интернет во лоби и јавни простории, сеф, мини бар, сет за кафе и чај.

Услуга

Сѐ вклучено со шведска маса за појадок, ручек, вечера, локални пијалоци, пијалоци во мини барот (само еднаш за време на престојот), закуски во текот на денот, попладне чај, кафе и колачи, сладолед во одредено време од денот. Увозни пијалоци, пијалоци во шише и лименка, À la carte ресторани и сѐ останато што не е наведено се доплаќа.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со морска и ориентална храна, италијанска кујна, ресторан покрај базенот, Lagoon бар со закуски покрај базенот, Piazza (дневни пијалоци и вечерна забава).

Плажа

Хотелска плажа на брегот на Црвеното Море

Спорт и забава

Три надворешни базени за возрасни, два базени за деца. Гимнастичка сала (бесплатно). Со доплата Турска бања, сауна, парна соба, пинг понг, тениски игралишта, нуркање, терени за голф. Вечерни забавни програми со жива музика и вечерно шоу. Мини клуб за деца, игралишта, мини диско.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hurghada 2, Red Sea Governorate 84511, Egypt

Отвори во Google Maps