Прескокни кон содржината
CLEOPATRA LUXURY RESORT MAKADI BAY
Повлечи за повеќе слики

CLEOPATRA LUXURY RESORT MAKADI BAY

Макади БаиHalf Board

Положба

Хотелот се наоѓа во заливот Макади, на 30 km јужно од Хургада и аеродромот. Хотелот содржи ресорт во ресортот – посебен дел само за возрасни Cleopatra Luxury Beach.

Сместување

Вкупно 528 соби.
Standard rooms (35 m², спална соба со дупли кревет или два единечни, поглед кон базен, градина или море).
Family rooms (77 m², спална со дупли кревет, друга соба со единечен кревет, дневна соба, едно купатило).
Junior suite (65 m², поглед кон градина или море, една спална соба, една дневна соба).
Master suite (95 m², спална соба, дневна соба, трпезарија, балкон со поглед кон базен и море).
Premium deluxe (35 m², делумно реновирани).
Premium deluxe sea front (35 m², поглед кон море).
Собите имаат купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (сокови и вода само на пристигнување, потоа се дополнува само со вода), сеф, сет за кафе и чај, сателитска ТВ, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ Вклучено  – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, сладолед во одредени часови, кафе, чај, колачи, торти,локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторан со италијанска кујна е со претходна резервација (еднаш бесплатно за мин. престој од 7 ноќевања).
Со доплата се увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, наргиле, пијалаци во Scheherazade Oriental Cafe, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан (италијанска кујна), бар само за возрасни, разни барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор, чување деца, перење алишта, продавници, фризер, телефон, фотокопирање, изнајмување кола. WI-FI интернет е бесплатно (до 2GB по уред) во лоби, собите и покрај базенот.

Плажа

Комплексот има песочна плажа долга 400 м, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. Еден помал дел е со корален гребен до кој се стигнува со понтон, а поголемиот дел е зона со плитка вода (се препорачуваат обувки на плажа).

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни, 2 базена за деца, тениски терени, аеробик, одбојка на плажа, пинг понг, билијард, бока, гимнастика во вода, јога, теретана.
Масажи, третмани, сауна, турска бања во СПА центарот, спортови на вода, нуркање, голф, осветлување за тениски терени се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и навечер, тематски вечери во текот на неделата. Mini Club-Hippo Kids Club од 4-12 години со различни активности. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

خليج مكادى، Safaga Road, Red Sea Governorate 84515, Egypt

Отвори во Google Maps