Прескокни кон содржината
BLEND CLUB AQUA RESORT
Повлечи за повеќе слики

BLEND CLUB AQUA RESORT

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Хургада, okoлу 10 км од центарот и аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 362 соби. Сите соби имаат бања со туш или када, фен, клима, мини бар, сеф, телефон, сет за кафе и чај, балкон или тераса.
Standard garden rooms 40 m², поглед кон градина, макс. 2+2, 3+1.
Standard pool rooms 40 m², поглед кон базен, макс. 2+2, 3+1.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, А la Carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата: доктор, чување деца, перење и пеглање облека, продавници, аптека.

Спорт и забава

Хотелот има базени за возрасни и деца од кои два се загреани во зима, аква парк, базен со бранови, фудбалско игралиште (песок), одбојка на плажа, пикадо, аеробик, игри на плажа. Забави во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа. Мини клуб за деца 4-12 год, игралиште за деца, соба за игри, цртање и готвење и  мини диско.
Со доплата: спортови на вода, теретана, билијард, сауна, парна бања, масажи и третмани во СПА центарот.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено појадок, ручек, вечера, А la Carte ресторани со ориентална и италијанска кујна, лоби бар, закуски во текот на денот, ресторан со закуски, детско катче, аква парк бар, бар покрај базен, кафе, чај и колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, пијалаци во лименка, италијанско кафе.

Плажа

Хотелот има сопствена  плажа долга 1500 m. Лежалки, чадори и пешкири за  плажа се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

KM 21 Sahl hasheesh rd, Hurghada 1, Red Sea Governorate 84511, Egypt

Отвори во Google Maps