Прескокни кон содржината
PALOMA FINESSE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

PALOMA FINESSE HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Титрејенгул на 6 km од Сиде и 75 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 299 соби.
Studio rooms (42 m², една спална со француски кревет или два поединечни кревети + две софи, едно купатило, макс.2+1 дете).
Studio rooms swim up (42 m², една спална соба со француски кревет + две софи, едно купатило, тераса со директен пристап на базен, макс.2+1 дете).
Family suit rooms (52 m², една спална соба со француски кревет, една дневна со две софи, едно купатило, макс.2+2 деца).
Family suit rooms swim up (52 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со две софи, едно купатило, тераса со директен пристап на базен, макс.2+2 деца).
Family suit terrace (52 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со две софи, едно купатило, голема тераса, макс.4 лица).
Large Family suit (74 m², две спални соби, една со француски кревет, друга со два поединечни кревети, една дневна соба, две купатила, макс.4+1 дете).
Large Family suit swim up (52 m², две спални соби, една со француски кревет, друга со два поединечни кревети, една дневна соба, две купатила, директен пристап на базен, макс.4+1 дете).
Large Family suit terrace (74 m², две спални соби, една со француски кревет, друга со два поединечни кревети, една дневна соба, две купатила, голема тераса, макс.4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, сокови и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.

Услуга

Luxury Ултра сѐ вклучено – 24-часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладевни закуски, закуска доцна навечер, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед во текот на денот, слаткарница, À la Carte ресторани - Beach Club и Med Kitchen со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, закуски и овошје на плажа и покрај базен.
Не е вклучено: премиум увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, наргиле, Chef’s Kitchen À la Carte ресторан.  

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Chef’s Kitchen и Med Kitchen – современа медитеранска кујна. Beach Bar со скара и морски плодови, барови околу хотелскиот комплекс.
Се доплаќаат: доктор, перење, чување деца, телефон, факс, продавници, фризер, изнајмување кола. WI-FI интернет конекција во соби и јавни зони е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Приватни павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, Paloma Aqua – најголем аквапарк во регионот со тобогани за деца и возрасни, турска бања, сауна, 5 тениски терени (со подлога од кварцен песок), одбојка на плажа, пинг-понг, гимнастика, мини голф.
Се доплаќат: спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, центар за убавина и Wellnes центар.
Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца од 4 – 12 години со специјални програми, детско игралиште, мини диско навечер. Тинејџерски клуб за деца од 13-16 години со дел за социјални медиуми и видео игри. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Sorgun, Acısu Mevkii Sokak No: 24, 07601 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps