Прескокни кон содржината
ANITA MATIATE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ANITA MATIATE HOTEL

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 12 km од Кемер и на 45 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот има 183 соби сместени во главна зграда и анекс зграда на два ката без лифт.
Standard rooms: (28 m², лоцирани во главната зграда, спална соба со француски кревет и екстра кревет, едно купатило, 2+2 лица).
Garden rooms (18 m², во анекс зградата, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).
Economy rooms (17 m², во анекс зградата на приземје, без балкон, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, сплит систем за климатизација, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали. Некои соби немаат балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневен чај, локални алкохолни пијалаци (пиво и наливно вино) и безалкохолни пијалаци од 11:00 до 22:00 часот. Бар на плажа со безалкохолни пијалаци.
Не се вклучени: сите останати локални и увозни пијалаци, свежо цедени сокови, лименки, флаширани пијалаци, сладолед, сите пијалаци и храна по 22:00 часот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, барови покрај базенот и на плажата.
Доктор, телефон, факс, интернет се наплаќаат. Wi-Fi интернет е со доплата.

Плажа

Хотелот има плажа на 300 метри со ситни камчиња со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Крпите за плажа се со депозит. Има улица помеѓу хотелот и плажата.

Спорт и забава

Надворешен базен за возрасни и деца, тобоган, фитнес, турска бања и сауна се бесплатни од 12:00 и 14:00 часот, сала за гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг.
Се наплаќаат масажа и спортови на вода.
Забавна програма преку ден и во вечерните часови. Има мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште.
Хотелот е реновиран во 2022 година. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.