
WYNDHAM GARDEN LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 14 km од аеродромот во Анталија и 9 km од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 346 соби во четири згради.
Стандардни соби (26 m², една спална и едно купатило, макс.2 лица).
Супериор соби (28 m², една спална со француски кревет + еден единечен кревет+ еден кревет на извлекување, купатило, макс.2+2 деца).
Фамилијарни апартмани (68 m², две спални, една дневна со кревет на извлекување, едно купатило, макс. 5+1 лица)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се надополнува со вода, минерана вода и безалкохолни пијалаци), сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет до 1GB, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и во вечерните часови (од 01.00-06.00 часот е во Ramada resort hotel), локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24.00ч. Lara Family Beach club отворен помеѓу 10.00- 23.00 ч со вклучен ultra all inclusive service, сервис, À la Carte ресторан со претходна резервација и бесплатно само еднаш за време на престојот (освен BBQ ресторанот), сладолед во определени часови.
Не е вклучено: некои увозни алкохолни пијалаци и се достапни во одредени барови и со доплата, премиум увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, повторно користење на À la Carte рестораните и BBQ ресторанот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански, мексикански, азиски, рибен и BBQ ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Не е вклучено: Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително.
Wi – Fi интернет до 1 GB е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна плажа на 350m од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и крпи на плажа се бесплатни.
Приватните павилјони на плажа се наплаќаат.
Бесплатен превоз од хотел до плажа.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, гимнастика, пикадо, фитнес центар, кошарка, одбојка на плажа, мал фудбал, турска бања, соба со пареа.
Се наплаќаат: спортови на вода, билијард, масажи, осветлување на тениските терени, Спа центар, часови по нуркање.
Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-8 год со специјална програма во текот на денот, детско игралиште, вечерно мини диско.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Yaşar Sobutay Bulvarı No:25A, 07160 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps