
WIND OF LARA HOTEL & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара регионот, 12 км од аеродромот во Анталија и 19 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 276.
Стандардни соби: 240 (26м²; една спална-француски кревет + еден единичен, едно купатило,макс. 2+1 лица),
Фамилијарен Суит: 12 (52 м²; две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 3+1 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужини во тек на денот, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , сладолед попладне во одредени часови, A‘la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални и увозни вина, свежо цедени сокови, собна услуга.
Содржини
Главен ресторан-шведска маса, A‘la Carte ресторани: Cilantro – Италијанска кујна, Turkuaz - Турска кујна, Capari – рибен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет со ниска брзина во Лобито и во соби е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна, на 700 м, и ситни камчиња плажа, лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа не се наплатуваат. Бесплатен превоз до плажа во тек на целиот ден.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 9 водени лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо. Масажа, Spa центарот, салон за убавина, осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, рафтинг, школата за нуркање, билијард, водени спортови се наплатуваат. Забавна програма со анимации во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца од 03-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı Mahallesi, Meydan Bulvarı, 1003 Sokak, No: 8 Kundu, Antalya, Turkey, 07110 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps