Прескокни кон содржината
WASA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

WASA HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Овој градски хотел се наоѓа во центарот на Аланија, со лесен пристап пеш до пешачката шопинг зона, рестораните и баровите. Плажата Cleopatra Beach се наоѓа во непосредна близина на хотелот, на само 4 минути пешачење.

Хотелот располага со 7 ката, вкупно 78 стандардни соби и 12 апартмани (суити). Отворен е во 2005 година и нуди лоби со 24-часовна рецепција, менувачница, ТВ-сала, лифт и сала за игри, кои се дел од хотелските содржини.

Во рамки на хотелот има главен ресторан на база на шведска маса (buffet), со детски столчиња за најмалите гости. Дополнително, на располагање се интернет пристап, како и собна услуга и услуга за перење алишта со доплата.

Комфорните соби со сопствено купатило се опремени со фен за коса, телефон и сателитска телевизија. Стандардно, сите соби располагаат со мини-фрижидер, балкон и сеф (со изнајмување).

Хотелот нуди надворешен базен со слатка вода, бар покрај базенот со лесни закуски, како и можности за играње пикадо и пинг-понг.

Појадокот и вечерата се служат на база на шведска маса. За ручек и вечера, гостите можат да изберат јадења од фиксно мени или да се одлучат за à la carte понуда.

ВО FULL BOARD PLUS КОНЦЕПТ: БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ СЕ ВКЛУЧЕНИ, А АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ СЕ ДОПЛАЌААТ.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Saray, ATATÜRK CD. ALAADDİNOĞLU SK NO:11, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps