
VONRESORT GOLDEN BEACH
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Vonresort Golden Beach се наоѓа во областа Colakli, 15km од Manavgat и 55km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 632 во бунгалови на два, три и четири ката.
Стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, некои соби се со кујна, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (40 – 47m², две одвоени соби со врата измеѓу, едно купатило, некои од нив со кујна, макс. 4 лица),
Фамилијарни suits (62m², две спални соби – одвоени соби со врата измеѓу, една едневна соба, кујна, макс. 6 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, клима уред, телефон, сеф (се доплатува), мини бар (само вода), керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.WI-FI интернет конекција бесплатна.
Услуга
Ultra all inclusive – 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, супа на полноќ, пијалоци и закуски во аква парк, сите локални и стандардни увезни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во Disco club, Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежи овошни сокови, A’la Carte ресторани се со претходна резервација и со дполнителна наплата, послуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Irish pub.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани Ottoman – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна, Radika – Рибен ресторан, Long horn – Steak House (се наоѓа во Vonresort Golden Coast), Kaiseki – кујна од Далечен Исток (Golden Coast), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар дополнително се наплатува. Бесплатно користење на WI-FI интернет конекцијата во лоби и во собите.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се наплатуваат дополнително.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 лизгалки (влезот е бесплатен за гости на хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг – понг. Дополнително се наплатуваат : спортови на вода, куглање, билијард, Fun Fair, масажа во SPA & Wellness центар. Забавни програми за време на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez Mahallesi, Cumhuriyet Cd. no:6, 07620 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps