
VIKINGEN INFINITY RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Окурчалар на 30км од Манавгат, 15км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 908 соби.
Стандардни соби (30м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни конектирани соби (60м², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица),
Економски соби (30м², исто како стандардните соби, во мезанин над Лоби, со балкон, макс. 2+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – храна и пијалоци од 08.00 – 24.00 часот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, доцна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои стандардни увозни пијалоци, сладолед во одредени часови, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, пијалоци во Диско клуб до 02.00 часот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, специјални вина, турско кафе во Ориент корнер, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан, À la Carte ресторани – турски, рибен, кинески, италијански, барови околу хотелскиот комплекс, диско. Доктор, фризер, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, продавници, изнајмување кола, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција дополнително се наплатува.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со камчиња. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Има мост над патот од хотелот до плажа.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени (затворени во текот на летната сезона) за возрасни и деца, 6 лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, пинг понг, терен за кошарка, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терени, масажа, SPA & Wellness центар, билјард, куглана. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови..
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Türkler, Akdeniz Bulvarı No: X, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps