
UTOPIA WORLD HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Каргичак на 20 km од центарот на Аланија и 155 km од Анталија аеродром.
Сместување
Вкупно 567 соби во главната зграда и во вила блокови (3 или 4 ката).
Главна зграда:
Hotel standard rooms (33 m², една спална соба со еден француски кревет + 1 единечен кревет, едно купатило, макс.2+2 деца).
Villa standard rooms (36 m², лоцирани на приземје со поглед на градина, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+2 деца).
Deluxe suite (50 m², две спални соби, две купатила, макс. 4+1 дете).
Junior suite (71 m², една спална соба со француски кревет, друга спална соба со два единечни кревети, џакузи во просторијата одвоена со стакло, едно купатило, макс.5+1 дете).
Corner suite (64 m², една спална соба со гарнитура за седење, џакузи во собата зад креветот, едно купатило, макс.4 + 1 дете).
Penthouse suite (50 m², дуплекс, две спални соби, две купатила, голема тераса 18 m², макс.5+1 лице) и
5 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, фен, влечки, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се полнат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај , сеф, сателитска LED ТВ и музички канали, ламинатeн под во главната зграда и под со плочки во Вила блоковите, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера и рана утринска закуска, закуска преку ден, сладолед во одредени часови, свежо цеден сок од портокал за појадок, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа од 10.00 часот – 17:00 часот.
Не се вклучени: специјални увозни пијалаци и вина, À la Carte ресторани со претходна резервација, свежо цедени сокови (освен за појадок), наргиле, услуга во соба.
Содржини
Mai ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - La Monte - италијанска кујна, Туам – турска кујна и Туркуаз – ресторан со морска храна, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се доплаќа.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Хотелска плажа на 350 m од хотел со песок и камчиња, има две платформи. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Има лифт од хотел до плажа (околу 4 мин. пешачење до лифт од главниот влез или гостите можат да одат со шатл-автобус).
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк (8 тобогани за возрасни и 4 за деца), фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, џакузи, тениски терени со опрема и рефлектори, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода, соба Клеопатра во турска бања, велнес центар, масажа, нуркање, авантуристички парк, соба за игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми.Мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, програми во текот на денот и навечер мини Дискотека.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Beldesi Karagedik Mavkii, Merkez Sk., 07430 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps