
TURQUOISE RESORT HOTEL SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Сиде. Приближно е 68км од аеродромот во Анталија. 4kм од центарот на Сиде.
Сместување
Хотелот располага со вкупен број на 486 соби распоредени во главна здрада, анекс згради и бунгалови покрај базени. Сите соби се опремени со тоалет со када или туш, фен, централен клима уред, телефон, ламинат под, мини бар (вода и сокови се надополнува секојдневно), сет за кафе и чај, сеф, ЛЦД ТВ со сателитска програма и музички канали, балкон/тераса. WI- FI интернет бесплатен. Типови на соби: делукс соби (27-28м²), во главна зграда, макс. 3 лица, делукс фамилијарни соби (45-52м²), во главна зграда, две спални соби, тоалет, макс. 4 лица, стандард соби (27-28м²), во делот кај градината, макс. 2+1 лице, фамилијарни соби (42-43м²), во делот кај градината, две спални соби, макс. 4 лица. Бунгаловите покрај базенот (Lake house соби) се наоѓаат во градината каде што гостите имаат ВИП услуга, има повеќе опции од една до три спални соби. Соби за лица со посебни потреби.
Содржини
Главен рестораан со шведска маса, а ла карт ресторани – италијанска кујна (за лица 12+ години), кинеска кујна, турска кујна, рибен ресторан, Steak House... Лоби лонџ бар, бизнис центар, Аспендос кафе и бар, Султан бар, бар покрај базен, снек бар, Ќебап бар, Сансет бар. Доктор, бебиситер, перална, фризер, шопинг центар, телефон, интернет и интернет кафе, комјутерски игри, рент а кар. WI-FI интернет низ целиот хотел е бесплатен.
Услуга
Ultra All inclusive (ултра се вклучено) појадок, доцен појадок, ужинки во текот на денот, ручек, попладневен чај, кафе, торти, вечера, ноќни закуски, свежо цедени сокови само за појадок, локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, а ла карт ресторани со резервација и еднаш во тек на престој, мини бар во собите (вода и сокови се надополнува секојдневно), дел со детска храна, диетална храна, бар на плажа.
Со доплата: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, француски и италијански а ла карт ресторани, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови.
Плажа
Пред хотелот. Хотелска приватна песочна плажа на делови ситни камчиња со чадори, лежалки и пешкири.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, базен (само за возрасни 16+), аква парк со тобогани на вода за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во текот на вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-16 години поделени во групи според возеаст со програми во текот на денот и вечерните часови. Со доплата: масажа, спа центар, билијард, куглање, осветлување за тениските терени, часови по тенис, спортови на вода.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Turquoise Resort Hotel & SPA Türkiye, Sorgun, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps