
TUI BLUE PALM GARDEN
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилач на 12 km од Манавгат и 70 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 363 соби лоцирани во 15 двоспратни згради.
Standard rooms(21 m², лоцирани во градина, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).
Superior rooms (24 m², лоцирани во градина, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Family rooms (38 m², лоцирани во градина, две спални соби, една со француски кревет, друга со два единечни кревети, одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Suit rooms (38м², една спална соба со француски кревет и одвоена дневна соба со софа, едно купатило, макс.3 лица)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, влечки, клима уред, телефон, мини бар (има вода само при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со плочки, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вкучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, вечера, закуски доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, детско бифе, вегетаријанско и диететско бифе, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредено време.
Не е вклучено: увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, селски појадок, второ користење на À la Carte ресторани.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: медитерански ресторан и ресторан за скара, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење, телефон, факс, интернет, фризер, салон за убавина, изнајмување кола се доплаќаат.
Во хотелот има простор со соблекувални, тушеви и шкафчиња за гости кои пристигнуваат порано или заминуваат покасно. WI-FI интернет конекцијата во цел хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
Павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, тенески терен, повеќефункционално игралиште за кошарка и фудбал, пинг понг, мини голф, шах во градина, качување по карпи, одење по јаже, трамбулина, функционален тренинг се бесплатни.
Со доплата: осветлување за тениски терени, сите спортови на вода, SPA & Wellness центар и масажи.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 3 - 16 години поделени во групи според возраст, детско игралиште, хоби клуб, мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kizilağaç Turizm Merkezi, Kızılağaç, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps