
TUI BLUE BARUT ANDIZ (+16 ADULT ONLY)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој na 1,5 km од Сиде и 62 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 139 соби во една главна зграда.
Standard rooms (28 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица).
Swim up rooms (28 m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на заеднички базен, макс.2+1 лице).
Junior room (40 m², една голема спална соба со простор за седење, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Jacuzzi junior suit (45 m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, џакузи на тераса, мах.2+1 лице). Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, бањарки, влечки, клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, торта и чај, вечера, закускa доцна навечер до 01.00часот, сладолед во одредени часови во денот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24.00 часот, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот само во еден ресторан, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот со безалхолни пијалаци и топли пијалаци.
Не е вклучено: увозни пијалаци , сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе, пијалаци по 24:00 часот, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани: Culinarium – интернационален ресторан и Olive – италијански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, телефон, факс, перење и хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 150 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Отворени базени, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Со доплата: сите спортови на вода, Wellness и центар за убавина, масажа, билијард. Анимациски прогами, музика во живо неколку пати во неделата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Özal Cd. No:31, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps