
THE SAINT STAR HOTEL ADULT ONLY 16+
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 194 соби.
Standard rooms (22 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Standard swim up rooms (22 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Superior rooms (35 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Honeymoon suit (40 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, сплит клима, телефон, сеф, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сателитска ЛЕД ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски на плажа, кафе и торти попладне, вечера, ноќни закуски до 24:00 часот, À la carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, диететско и вегетаријанско бифе, снек бар на плажа од 10:00-18:00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ. Не се вклучени увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијански и рибен), снек бар на плажа, лоби бар и слаткарница. Докотор, чување деца, перење алишта, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување коли се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња, на 2 000 m од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа себесплатни Има бесплатен шатл до плажата.
Спорт и забава
Надворешни базени, соба за фитнес. Со доплата се СПА центар и водени спортови на плажа.
Забавни програми во текот на денот и навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, Atatürk Cd. No:56, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps