
THE NORM ORIENTAL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Чамјува на 7 km од Кемер и 65 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Сместување: Вкупно 390 соби.
Standard rooms (25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 дете +1 бебе).
Junior suit (45 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една дневна соба со дел за седење и една софа, едно купатило, макс.3+1 дете).
Family rooms (56 m², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 4 лица + 1 бебе).
Deluxe suit (82 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 +1 бебе).
Swim up rooms (43 m², две спални соби, едно купатило, макс. 3 лица).
Swim up junior room (71 m², една спална соба, една дневна соба, макс. 3+1 дете+1 бебе).
Swim up family rooms (71 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Loft rooms – собите се со приватен базен и голема тераса, модерен дизајн.
Loft deluxe rooms (62 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Loft superior rooms (50 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Loft suit (110 m², три спални соби, кујна, макс. 6 лица).
Loft premium suit (132 m², два спални соби, дневна соба, гардеробер, кујна, макс. 6 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со када или туш, фен, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали. Некои соби се без балкон, само со француски балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски, ручек, попладневна закуска, вечера, доцна закуска, 24-часовен ресторан, детско бифе, дел за подготовка на бебешка храна, дел со диететска храна, сладолед во определени часови во текот на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, Лоби бар и terrace бар, À la Carte ресторани (италијански, рибен и турски), бар покрај базенот и бар на плажа.
Доктор, перење алишта, хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалките, чадорите и крпите на плажа се бесплатни. Павилјоните се со посебна услуга на плажа и се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базени за деца, три тобогани, фитнес центар, парна соба, сауна, турска бања, тениски терени, пинг понг, одбојка, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни.
Спортови на вода, масажи, опрема и осветлување на тениските терени, билијард и компјутерски игри се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клубови за деца од 4-12 години со различни забавни програми.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çamyuva, Turizm Blv. No:19, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps