
THE LAND OF LEGENDS KINGDOM HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 27 km од аеродромот и 30 km од центарот во Анталија.
Сместување
Вкупно 401 соба во една главна зграда.
Deluxe rooms (38 m², вклучени 145 делукс поврзани соби, една спална соба, едно купатило, макс. 3 + 1 лице).
Deluxe connection rooms (две Deluxe rooms внатрешно поврзани).
Апартмани
Junior suits (79 m², две спални соби, две купатила, без балкон, макс.4+1лице).
Family suits (83 m²; две спални соби, едно купатило со две лавабоа, балкон, макс. 2+3лица).
Grand suits (108m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, два тоалети, тераса од 30 m² со дел за седење, макс. 3+3лица),
Terrace Suits (130m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, два тоалета, тераса од 30 m² со трпезариска маса и дел за седење, макс. 4+1 лице).
Kingdom Suit (283 m², две спални соби, една дневна соба, една трпезарија, соблекувална, мала кујна, две купатила со џакузи, тераса од 30 m² со дел за седење, макс. 6 лица).
Стандардна опрема во собите: приватно купатило со туш, фен за коса, огледало, клима уред, телефон, мини бар (се доплаќа), сет за кафе и чај (бесплатно), сеф, волнен тепих на подот, балкон, Dual Screen LED телевизор, сателитска ТВ и музички канали, WI – FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и собите, Play station 4 (првата игра е бесплатна), 3D очила.
Услуга
Сѐ Вклучено – во ресторанот Eternia - шведска маса за појадок и вечера (свежи овошни сокови & сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци), Pubs & Bars (The Legend Bar – локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, храната од мени листата е со доплата), Nyssa бар & слаткарница. (Ayanna барот и собна услуга се доплаќаат дополнително). Само безалкохолни пијалаци и сладолед се бесплатни, сите увозни пијалаци се со доплата.
Содржини
Многу ресторани кои се лоцирани надвор од територијата на забавниот парк: Mango Restaurant (12.30 – 16.30), Shaky Cool (10.00 – 19.00), Ice Point (10.00 – 19.00), Vısta Café (10.00 – 19.00), Choco Choco (10.00 – 19.00 ), Terrace Bar (10.00 – 19.00), Tropical Bar (10.00 – 19.00), La Plancha Bar (10.00 – 19.00) – сите се со локални пијалаци со или без алкохол. Собна услуга и мини барот во собите се со доплата.
Kid’s Club – најголемиот бар за сокови за деца и целодневна забава и едукативни активности.
Плажа
Хотелот не е покрај морскиот брег.
Бесплатно користење на плажата на Rixos Premium Belek и други содржини помеѓу 13.00 – 16.30 часот.
Спорт и забава
Влезот во Legend of Aqua е бесплатен за гостите, но некои активности се со доплата (пливање со делфини, подводен сафари).
Турска бања, сауна, соба со пареа, фитнес центар, Anjana СПА центар и фитнес центар се со доплата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kadriye, Atatürk Cd. No:104 D:1, 07500 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps