Прескокни кон содржината
TAC PREMIER HOTEL
Повлечи за повеќе слики

TAC PREMIER HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија на 120 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 293 соби во седум блокови поврзани со мостови.

Стандардни соби (20-24 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице)

две соби за лица со попреченост.

Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, сплит клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден само со вода), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска телевизија и музички канали, ламинантен под, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, колачи и кафе во попладневните часови, вечера, полноќна супа.

Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, сладолед во одредени часови во текот на денот.

Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, наргиле, храна и пијалоци после 24:00 часот. Храна и пијалоци на плажата се со доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на базен и на тераса.

Доктор, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, продавници, фризер се наплатуваат.

Wi-Fi интернет е бесплатен во лоби, во собите е со доплата.

Плажа

Песочна плажа на 50 м од хотелот (Клеопатра плажа бр.12). Лежалки и чадори за сонце се со доплата. Лежалки и чадори за сонце покрај базенот се бесплатни. Крпи за плажа се со депозит.

Спорт и забава

Надворешен и мал внатрешен (затворен во летната сезона) базен за возрасни и деца, фитнес, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа.

Со доплата се спортови на вода, масажа, СПА и Велнес центар, билијард и други активности на плажа.

Хотелот е реновиран во 2019/20 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

TAC PREMIER HOTEL

Отвори во Google Maps