Прескокни кон содржината
SUNLAND RESORT
Повлечи за повеќе слики

SUNLAND RESORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Белдиби, 40 km од аеродромот во Анталија и 10 km од Кемер.

Сместување

Вкупно 264 соби.
Superior rooms (35 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Family rooms (60 m², две спални соби - една со француски кревет, а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица).
2 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило туш кабина, фен, влечки, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, ламинатен под, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, а потоа вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали. WI-FI интернет конекција е бесплатна.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено -  шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, полноќќна супа до 24.00 часот. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, исто така некои увозни алкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, бар на плажа отворен од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte рестораните со претходна резервација и еднаш за време на престој, снек бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот со безалкохолни пијалаци и пиво. Не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на менито, премиум пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – турски и италијански, лоби бар, бар покрај базен и на плажа. Доктор, чување деца, перење, изнајмување кола, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI - FI интернет конекцијата во собите и просторот на лобито е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, три тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг се бесплатни. Спортови на вода, масажа, СПА центар, билијардот е со доплата. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, Мини клуб за деца. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Beldibi, Çifteçeşmeler Mevkii, 07985 Beldibi 3 / Kemer/Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps