Прескокни кон содржината
SUI HOTEL (OZ HOTELS SUI)
Повлечи за повеќе слики

SUI HOTEL (OZ HOTELS SUI)

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Окурчалар на 30 km до Аланија и 98 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот располага со 303 соби. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (вода се полни секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат, балкон, WI-FI интернет конекција.
Economy room 22 m², една спална соба, едно купатило, без балкон, макс. 2 лица.
Standard rooms 25 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице.
Family rooms 45 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.3+1 лице.
Family Economy ground floor  – се наоѓаат на приземје од хотелот.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено  шведска маса појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, доцна ноќна ужина и ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој, снек бар на плажа од 10.00 - 17.30 часот.
Со доплата: сите увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедено сокови, сите флаширани пијалаци, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани: турски, рибен  и италијански, барови околу хотелскиот комплекс. WI-FI интернет конекција во лобито, плажата и собите е бесплатна.
Со доплата: доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, продавници.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња на 500 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни. Бесплaтен превоз до плажа.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка, одбојка на плажа и гимнастика. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со дневни и вечерни програми, игротека, мини диско.
Со доплата: СПА центар, спортови на вода, масажа, билијард и компјутерски игри. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Okurcalar, 1001 Sokak No:2, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps