
STARLIGHT RESORT HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Килизаач на 75 km од аеродромот во Анталија и на 8 km од Манавгат.
Сместување
Вкупно 824 соби во главната зграда и 18 Клуб згради.
Главна зграда:
Delux Land view (41 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс.2 лица).
Delux sea view rooms (46 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 дете).
Corner Jacuzzi Suit (53-66 m², една спална соба со брачен кревет одвоена со врата од една дневна соба, едно купатило, 55 m² тераса со џакузи, макс. 2+1 лице).
Delux Suit (70 m², една спална соба со брачен кревет одвоен со врата од една дневна соба, една спална, макс.2+1 лице
King Suit (230 m², две посебни соби, една дневна соба, има тераса 45 m², макс. 4 лица).
Во Клуб делот од хотелот има:
Club superior rooms (28 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 лица).
Club Jacuzzi Duplex (70 m², две спални соби разделени со врата, има и џакузи на горниот кат, макс.2+2 лица).
Club suit room (87 m², две спални соби, не се раздвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и 6 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со обична и минерална вода, сокови и пиво), сет за кафе и чај, сеф, тепих во главната зграда, паркет во клуб собите, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет (бавна брзина) е бесплатен, балкон. (Неколку club superior rooms се без балкон).
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро и попладне, вечера, закуска доцна навечер и ран појадок, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, свежо цедени овошни сокови само за појадок. À la carte ресторани (турски, индиски, мексикански, монголски) со претходна резервација и еднаш за време на престој, бифе за деца и бебиња во главен ресторан.
Не е вклучено: специјални увозни пијалаци, специјални вина, À la carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани – Santa Lucia (италјански), Moulin Rouge (француски), Volga (руски), Ganesha (индиски), Tepenyaki (јапонски), Miyako (кујна од Далечен Исток), Azteka (мексикански), Sini* (турски), Sunset (рибен ресторан)*, Mongolia* (монголски) и ресторан за скара, барови во хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, перење и хемиско чистење се со доплата. Wi-fi интернет со бавна брзина е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи. Приватните павилјони се со претходна резервација и се со доплата.
Спорт и забава
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за пливање (со доплата е надворешен и внатрешен Thalasso базен, и Secret базен само за VIP гости и возрасни), аква парк со 11 тобогани за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, турска бања, сквош, ѕид за искачување, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал.
Со доплата се спортови на вода, Secret базен е само за VIP гости, куглање, компјутерски игри, тенис на терен од глина (30), часови за тенис, мини голф, спа центар, клуб за јавање коњи, професионални терени за фудбал.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер различни шоу програми и специјални програми. За деца од 4-17 години има Мини клуб, со програми во текот на денот и навечер.
Хотлот е реновиран во зима 2020/2021 (club superior & club Jacuzzi duplex rooms).
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kızılağaç, Turizm Merkezi, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps