
SIRENE BELEK HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 25 km од аеродромот и 40 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 495 соби.
Има соби во главната зграда и во Вила блоковите.
Главна зграда: Standard Junior suit (47 m², една спална соба со француски кревет и софа, едно купатило, макс.2+1 лица).
Duplex Family suit (80 m², прв кат – два единечни кревети, втор кат – француски кревет, купатило на секој кат, макс. 4 лица).
Terrace Suit (95 m², една спална соба, една дневна соба, две купатила, многу голема тераса со поглед кон морето, макс. 3 лица).
Family suit (95 m², две спални соби одвоени со врата помеѓу нив, едно купатило, голема тераса, макс. 4 лица).
Villa block rooms: Garden room (47 m², една спална соба со француски кревет и една софа, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Superior family rooms (60 m², две спални соби, дел за седење, едно купатило, макс.2+2 лица).
Lale suit (80 m², дуплекс, со две спални соби, на првиот кат спална со два единечни кревети, на вториот кат една спална со француски кревет, две купатила на секој кат, макс.4 + 1 дете).
Garden suit (120 m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс.4 + 1 дете).
Pasha suit (150 m², дуплекс, три спални соби, една дневна соба и три купатила, макс.6 + 1 лице).
Сите соби се со сопствено купатило со туш, бањарки, влечки, фен за коса, прилагодлив систем за климатизација, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (безалкохолни пијалаци, вода и пиво се надополнуваат еднаш во текот на денот), сеф, тепих на подот во главната зграда и ламинат во вилите, балкон или тераса.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, попладневна ужина, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови за време на појадокот, сладолед за време на оброците, мини бар во собите.
Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, пакуван сладолед. Рестораните À la Carte се со доплата, енергетски пијалаци, собна услуга, наргиле, пуканки, шеќерна волна се со доплата. Алкохолни пијалаци не се служат во периодот помеѓу 02:00 и 10:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар за закуски, Turk Cafe, бар покрај базен и на плажа, диско бар, ресторани À la Carte: Mermaid - рибен ресторан, Dragon - кујна на далечен исток, Sini - турска кујна, Limone - италијанска кујна.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата.
WI - FI Интернет на јавните места на хотелот е бесплатен. Интернет со голема брзина е со доплата.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.
Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, базени со тобогани, базени за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка.
Со доплата: олимписки и полуолимписки затворен базен, спортови на вода, осветлување на тениските терени, спортска опрема, билијард, голф и опрема за голф, СПА и велнес центар, професионално фудбалско игралиште.
Забавни програми во текот на денот, разни натпревари за возрасни и деца, во вечерните часови специјални забавни програми. Мини клуб за деца од 00 - 12 години во различни возрасни групи, со специјални програми во текот на денот и вечерта.
Хотелот е реновиран во 2023 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kadriye, 3 Sokak No.6/6, 07525 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps