
SIDE ROYAL PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 7км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 242 соби.
Стандардни соби (28м²; една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лице)
Економски соби (26м², една спална соба, едно купатило, Француски балкон, макс.2+1 лице),
Swim Up соби (28м², една спална соба, едно купатило, директен пристап до базен, макс.2 лица, не е дозволено за деца),
Фамилијарни поврзани соби (37м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Собите се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV и сателитски програми, балкон или француски балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, бифе со диетална храна, бифе за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за појадок, сладолед за време на одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив, мини бар во собите. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, свежо цедени овошни сокови и сокови од зеленчук, увозен шампањ, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, два À la Carte ресторани – кинеска и медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и хемиско чистење, шопинг зона, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во собите, во целиот хотел и на плажа е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 260 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Бесплатен превоз достапен на секој половина час.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА и центар за убавина, тениски терени и опрема на 100 метри од хотелот, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, луна парк и мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер.
ЗАБЕЛЕШКА
ЗАЕДНИЧКИ ЗОНИ СО SIDE ROYAL STYLE HOTEL & SPA – Надворешни базени, бар за закуски покрај базен, бар за закуски на плажа, слаткарница, амфитеатар, мини клуб, СПА зона, диско, À la Carte ресторани. Освен главните ресторани на двата хотела (појадок, доцен појадок, вечера) сите други хотелски удобности можат да ги користат гостите од двата хотела.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Evrenseki, 28. Sk. No:3, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps