Прескокни кон содржината
SIDE AMOUR HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SIDE AMOUR HOTEL

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 135 соби во четири блока.

Standard rooms (18 m², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

Large rooms (28 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред, мини бар (со доплата), електричен бокал, сет за чај и кафе, ламинатен под, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера и закуски доцна навечер до 01.00 часот. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 23:00 часот, снек бар на плажа (брза храна, пиво и сокови) од 10:00 – 17:00 часот.

Не е вклучено: увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, сладолед, енергетски пијалаци, турско кафе, флаширана вода, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар на базен.

Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување на кола се доплаќаат. WI – FI интернет се доплаќа.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 1200 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа и покрај базен. Бесплатен превоз до плажа.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата: турска бања, сауна, парна бања, солена соба, масажи, билијард, сите спортови на вода на плажа.

Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Side, 509. Sk. No:5, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps