
SEVEN SEAS GRAVEL SELECT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер и на 55 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Има вкупно 332 соби во главната зграда и градина.
Hotel standard side sea rooms main building (26-31 m², една соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс 2+1 лица).
Garden rooms (20-23 m², лоцирани во делот на градината, една соба со француски кревет, едно купатило макс. 2 лица).
Garden large rooms (32 – 33 m², лоцирани во делот на градината, една поголема соба со француски кревет и две софи, едно купатило, макс.3+1 дете).
Garden Family rooms (34 – 39 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со две софи оддвоени со врата, едно купатило, макс 4 лица).
Suit room main building (42-51 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Child friendly rooms (иста големина како и стандарните соби, со еден француски кревет + софа и еден дополнителен кревет, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централен клима уред во главната зграда и сплит систем кај собите во делот кај градината, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска LCD ТВ, Wi-Fi интернет конекција и балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часовна услуга на пијалаци и храна, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера и доцни закуски до 02:00 часот. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови за појадок, диететско и катче за здрава исхрана во главниот ресторан, детско бифе, бебешко катче (микробранова печка, блендер, инстант овошен јогурт, готвена храна во теглички - 125 g, варен зеленчук), сладолед преку ден.
Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, VSOP коњак, свежо цедени сокови, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалаци, лименки, À la carte ресторан е со претходна резервација, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан Begonvil со шведска маса, À la carte ресторан – Firenze (италијански), Luanshi (од далечен исток), Cakil (рибен ресторан), À la Turca (турски), барови во целиот
хотелски комплекс.
Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, инетрнет катче, компјутерски игри, фризер, услуга за изнајмување кола и продавници се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Приватна хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Чадори за сонце, лежалки и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, парна бања, соба за релаксација, фитнес центар, тениски игралишта, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, гимнастика. Со доплата: водени спортови, центар за убавина и здравје, масажа и третмани за убавина, осветлување на тениските игралишта, школа за нуркање, приватни часови.
Забавна програма преку цел ден, натпревари со професионален тим, специјални шоу програми во вечерните часови, жива музика, специјален концепт за забави. Gravel age детски клуб- мини клуб за деца од 00 - 12години, поделени во групи според годишната возраст со специјална програма.
Хотелот е реновиран во 2022 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Atatürk Blv. no:34, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps