
SERENIS HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој. Оддалечен е 4 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 416 соби распоредени во главните згради. Сите соби имаат купатило со када или туш, фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Стандардни соби 18м2, спална, купатило, макс 2+1 лица.
Стандардни соби со кревети на спрат 28м2, голема соба со француски кревет и кревети на спрат, макс 2+2 лица.
Фамилијарни соби 25м2, две спални соби одделени со врати, купатило, макс 4 лица).
Содржина
Главен ресторан на отворено шведска маса, A'la Carte ресторани - риба и турски, барови во склоп на хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекарски услуги, услуги за чување деца, услуги за перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, трговски центар, изнајмување на автомобили.
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive на база на шведска маса - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса) за појадок, доцна појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, супа доцна навечер, барот на плажа од 10:00 до 17:00 часот, A'la Carte ресторани со резервација однапред и само еднаш за време на престојот.
Со доплата: сите видови увозни пијалоци, специјални вина, флаширани и конзервирани пијалоци, свежо цедени овошни сокови, услуга во соба, пијалоци во диск.
Плажа
Песочната плажа на хотелот е на 500 метри од хотелот. Лежалките и чадорите се бесплатни. Крпи за плажа - со депозит, а замена на пешкир се доплаќа. Постои и бесплатен превоз до плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа, лесни забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, вечерни шоу програми, мини клуб за деца со различни програми и активности.
Со доплата: спортови на вода, билијард, компјутерски игри, СПА, масажа.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, 11. Sk. No:1A/1, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps