
SENTIDO TRENDY VERBENA BEACH
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10 km од Манавгат и 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 359 соби во четири блока.
Standard rooms (28 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
Family rooms with bunk beds (28 m², една спална соба со дупли кревет, кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица).
Family rooms (36 m², две спални соби одвоени со врата, една спална соба со дупли кревет, друга спална соба со една софа и еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице).
Suite rooms (36 m², една спална соба и една дневна соба, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LCD ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе, ран доручек до 7:00, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, диететско бифе, сладолед во барот за закуски во одредени часови во денот, слаткарница, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот само во еден ресторан, бар на плажа од 10:00 – 17:30 часот.
Не е вклучено: премиум и луксузни увозни пијалаци, специјални вина, енергетски пијалаци, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: A la Turca (турски), La Mimosa – (италијански), La Tulipe (француски), La Palapa (мексикански) и Blue Waters (рибен), барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI–FI интернет во целиот хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, тениски терен, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, билијард, куглање, компјутерски игри, SPA & центар за убавина и масажи, осветлување за теренскиот терен и часови по тенис.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 17 години поделени во групи според возраста, со различни активности и програми.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Evrenseki, 33. Sk. No:6, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps