
SELECTUM FAMILY COMFORT SIDE (ex LYRA RESORT)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кизилач на 13 km од Манавгат и 75 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 1030 соби во главна зграда, Lake Houses и Comfort зона. Сите соби имаат балкон или тераса, купатло со туш, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се полни со сокови, вода и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат или плочки на подот, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ и музички канали. Собите во Lake Houses имаат плочки на подот и поглед кон градина
Главна Зграда
Standard rooms main building (27-30 m², една спална со два единечни кревети, една софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Family rooms main building (38 m², две спални разделени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Suit rooms main building (50-62 m², една спална и една дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица) и 10 соби за лица со попреченост.
Lake Houses – вили на 3 ката лоцирани во средината на комплексот опркужени со базени.
Standard rooms Lake Houses (26 m², една спална соба со два единечни кревета и софа, едно купатило, макс. 3 лица).
Family rooms Lake Houses (30 m², две спални разделени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Suite rooms Lake Houses (51 m², се наоѓаат на прв кат со тераса, една спална соба, една дневна соба, купатило, макс. 3 лица).
Aqua rooms (27 m², лоцирани во близина на аква паркот, една спална соба со два единечни кревети, едно купатило, макс. 3 лица).
Aqua Family rooms (45 m², лоцирани во близина на аква паркот, две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни и ноќни закуски, детско бифе, диететско бифе, бар на плажа со закуски од 10:00 до 18:00ч., сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Со доплата: специјални увозни пијалаци, увозни пијалаци кои не се на менито, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса во главната зграда и во делот на Lake House, À la carte ресторани (рибен, италијански, мексикански, турски), лоби бар, диско бар, бар на плажа и покрај базен, витамински бар.
Со доплата: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, изнајмување кола, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници.
Плажа
Приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка, кошарка, одбојка на плажа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни програми, шоу програми со професионален тим. Мини клуб за деца од 4 до 18 години, поделени во различни возрасни групи со различни програми во текот на денот. Забавен парк Fun Fair е достапен.
Со доплата: сите спортови на вода, масажа, осветлување и опрема за тенис, билијард, куглање и компјутерски игри, спа и велнес .
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Karacalar, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps