
SEHER SIDE QUALITY RESORT & SPA (ADULT+16)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 6 km од Сиде и 70 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 260 соби во 5 згради.
Стандардни соби (22 m², една спална соба со француски + еден единечен ктревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Фамилијарни соби (30 m², две спални соби одвоени со врата на лизгање, едно купатило макс. 4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополува со вода и безалхохолни пијалаци), сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска LCD телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, ран и доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед во одредено време, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, премиум увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите пијалаци во Disco и во Wine House.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турски, рибен), барови, Disco club.
Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење, хемиско чистење и пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI- FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.
Спорт и забава
Внатрешни (затворени во летна сезона) и надворешни базени за возрасни и деца, два тобогана, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, еден тениски терен, одбојка на плажа, пинг понг.
Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар, масажа, осветлување за тениски терен и опрема, билијард, центар за играње со куглање.
Забавни програми - анимации во текот на денот, и различни шоу програми навечер, Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, Мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Evrenseki, 22_2 Sokak No:5, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps