
SEASHELL VEGA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Гундоду на 12 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 279 соби во три блока.
Standard rooms (28 m², една спална соба со француски кревет или два единечни + софа, купатило, макс. 2+1 лице).
Economy rooms (15 m², една спална соба со француски кревет, купатило, макс. 2 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, влечки, сплит клима уред, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, под со ламинат, сет за кафе и чај, балкон, Wi-Fi интернет.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе и ран појадок до 06.00 часот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00-24.00 часот, пијалаци во бар на плажа од 10.00-18.00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одреден време.
Не е вклучено: увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, наргиле и витамински бар.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански, интернационален), барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб, бар со закуски на плажа. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет во цел хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна плажа на 500 m од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни (затворени во летната сезона) базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години со различни активности и програми.
Со доплата: спортови на вода, билијард, компјутерски игри, спа, центар за убавина и масажа.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Gündoğdu, Erkan Mumcu Bulv No:13, 07200 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps