
SEASHELL RESORT SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 55км од аеродромот во Antalya, 10км од Manavgat и 8км од Side.
Сместување
Вкупен број на соби 283 во три блокови. Стандардни соби (34m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (47m², две спални соби, едно купатило, макс.4 лица), Deluxe соби (34m², директен поглед на море, кошница со овошје и вино при пристигнување, VIP козметика, секој ден местење кревет, една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со купатило со туш одвоен со стакло од собата и WC (со врата), фен, индивидуален клима уред, телефон, мини бар( се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под и балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуска и пауза за кафе попладне, вечера и закуска доцна навечер. Сите локални и никои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 08.00 – 24.00 часот, A'la Carte ресторани се со претходна резервација и еднаш за престој во еден од нив, свежо цедени сокови само за појадок, бар на плажа за закуски и бар од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, специјални вина и коктели, увозни пијалоци кои не се на мени листата, послуга во соба, свежо цедени сокови во Vitamin bar, наргиле, енергетски пијалоци, послуга во соба.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A'la Carte ресторани -Carpaccioo – Италијанска кујна, Hunkar – Турска кујна, Yosun – Рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, шопинг центар, рент а кар, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Се доплаќаат: SPA центар, масажа, билијард, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, и шоу програми навечер, спортски натпревари покрај базен и на плажа. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Evrenseki mah., 23. sokak no:3, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps