Прескокни кон содржината
SEAPHORIA BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

SEAPHORIA BEACH RESORT

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот  се наоѓа  во Окурчалар, на околу 32 км од центарот на Аланија, 100 км од Анталија и 90 км од аеродромот во Анталија.  

Сместување

Хотелот е целосно реновиран во 2023 година, зафаќа површина од 6.000 m². Располага со 170 соби, од кои 169 се стандардни соби и 1 соба прилагодена за лица со посебни потреби. Сите соби имаат купатило со туш,клима уред, ТВ, мини бар, Wi-Fi, телефон и сеф.  
Стандардните соби се со големина од 20 до 25 m² и можат да имаат поглед на море или градина.
Со доплата: услуга во соба, сеф, телефон.

Содржина

Хотелот има главниот ресторан, à la carte ресторан и 3 барови (лоби бар, бар на плажа и бар на базен), отворени и затворени базени, детски базен и аква парк. Wi-Fi е достапен низ целиот хотел.За деца, има игралиште, детски базен, анимации.

Плажа

Хотелот има своја приватна песочна плажа. Користењето на чадори, лежалки и пешкири е бесплатно.  

Услуга

Услугата во хотелот е ultra all inclusive, самопослужување (избор на повеќе јадења според правилата на хотелот) - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна супа. Главниот ресторан нуди специјалитети од медитеранска кујна. Во à la carte ресторанот се служи интернационална кујна и може да се користи еднаш неделно без доплата. Има и три барови  и слаткарница.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и други артикли надвор од концептот.
Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).

Спорт и забава

Хотелот располага со отворени и затворени базени за деца и возрасни, игралиште за одбојка на плажа, пинг-понг, теретана и разновидна вечерна забава.  
Со доплата: салон за убавина, масажи и други третмани.сите спортови на вода и други работи надвор од концептот. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Okurcalar Mah, Karaburun Mevkii, 1023 Sok No:17, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps