Прескокни кон содржината
SEALIFE KEMER RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SEALIFE KEMER RESORT HOTEL

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на градот Кемер, на 50 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 352 соби.

Standard rooms (17-23 m², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс.2+1 лица).

Economy rooms (17 m², стандардни соби на приземје без балкон, макс.2 лица)  

три соби за лица со попреченост.

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци по пристигнување, потоа се надополнува со вода секој ден), сет за кафе и чај,сеф, тепих или ламинат на подот, WI-FI интернет, сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера, ноќна ужина до 06.00 часот. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци , сладолед во одредени часови, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во еден од нив за време на престојот. Не се вклучени: сите увозни пијалаци кои не се на менито, сите флаширани пијалаци, премиум пијалаци, енергетски пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - италијански, рибен, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перална, фризер, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг.

Се доплаќа: спортови на вода, масажа, СПА центар, билијард и компјутерски игри.

Мини клуб за деца од 4-12 години со дневни и вечерни програми. Мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Yeni, Atatürk Blv. No. 44, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps