Прескокни кон содржината
SEALIFE BUKET BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SEALIFE BUKET BEACH HOTEL

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е лоциран во областа Alara, на 30 км од Аланија и 95 км од аеродромот во Анталија .  

Сместување 

Вкупен број на соби 323 во 9 блокови со 3-5 ката. Стандардни соби 299 (21-24м², една спална соба и едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби 10 (36-40м², две спални и едно купатило, макс. 2+2 лица), Junior suit соби 4 (41-65м², една спална, една дневна соба и едно купатило, макс. 4 лица ), 3 King suit и 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш и фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (со сокови се дополнува двапати неделно, со вода се дополнува секој ден ), сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.  

Услуга

Се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, сладолед, свежо цеден сок, вечера, полноќен оброк. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар кој се дополнува секој ден со вода, сокови , пиво и чоколади, A’la Carte ресторани со претходна резервација( еднаш за време на престојот од една недела ). Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Увозните пијалоци, специјални вина и премиум пијалоци , флашираните пијалоци , понатамошно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.  

Содржини  

Amber-главен ресторант со шведска маса, А’la Carte ресторани-Sapphire-италијанска кујна, Turkuaz-турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, перална, телефон, факс, интернет , компјутерски игри, фризер, продавници дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет во лобито е бесплатно.  

Плажа

Хотелска плажа-песочна и со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.  

Спорт и забава 

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, две лизгалици на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар , тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа. Масажа, Спа центар, спортови на вода, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот за возрасни, натпревари и игри, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-06 год., Миди клуб за 07-12 год. и Teen клуб за 13-16 год. со специјална програма во текот на денот. Мини Диско во вечерните часови. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

İlifos Cad. No:32 Karaburun, 07700 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps