Прескокни кон содржината
ROYAL GARDEN BEACH
Повлечи за повеќе слики

ROYAL GARDEN BEACH

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Konakli, на 14км од Аланија и 120км од аеродромот во Анталија .  

Сместување

Вкупен број на соби 230. Суит соби (една спална соба, една дневна соба, едно купатило, макс.4 лица), стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (со вода се дополнува секој ден), сеф (се наплаќа), тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.  

Услуга  

Се вклучено–шведска маса за појадок, ручек, попладне колачи, кафе, чај, вечера, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни до 24.00ч, А’la Cаrte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10.00-18.00ч. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, сладолед, пијалоци во диско, услуга во соба се наплатуваат.  

Содржини  

Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторан- Турски и Кинески, барови низ целиот хотелски комлекс. Доктор, чување деца, фризер, интернет кафе, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет конекција во лобито е бесплатна.  

Плажа

 
Хотелска плажа со камчиња, лежалки и чадори за сонце не се наплатуваат, пешкири за на плажа се со депозит.  

Спорт и забава  

Отворени базени за возрасни и деца (пола Олимписки), одбојка на плажа, пинг понг. Турска бања, сауна, спортови на вода, масажа, билијард и компјутерски игри се со доплата. Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Konaklı, Gücüoğlu Sk No:5/A, 07491 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps