Прескокни кон содржината
ROX RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ROX RESORT HOTEL

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер на 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 420 соби.
Standard room (26 m², спална соба со француски кревет + софа или екстра кревет, купатило, макс. 2+1 лице).
Family 1 room (28 m², една спална со француски кревет, еден единечен кревет или три единечни кревети, купатило, макс. 3+1 лице).
Сите соби се со балкон, купатило и туш кабина, фен, клима, телфон, мини бар (вода и сокови се полнат секој ден), сеф, сателитска тв со музички канали, ламинатен под, балкон . WI-FI интернет во собите е со доплата.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, попладне торта, сладолед од 16.00 - 17.00, вечера и доцни закуски до 24.00 часот. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24.00, сладолед во определени часови, снек бар на плажа од 10.00 часот до 18.00 часот, À la Carte ресторан со резервација однапред и еднаш за време на престојот од 7 дена. Не е вклучено: сите флаширани пијалаци, специјални увозни пијалаци, премиум виски, специјални вина, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – турска и италијанска кујна, рибен ресторан, снек бар, слаткарница, бар на базен, лоби бар, пијано и диско бар, снек бар на плажа.
Доктор, чување деца, пералница, фризер, изнајмување кола, телефон, факс, продавници, интернет кафе и компјутерски игри, интернет во соби се доплаќа.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња, на 150m од хотелот. Има тунел под патот. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени (внатрешниот е затворен од јуни до октомври), базени за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка, мини фудбал, пинг понг се бесплатни. Осветлување на тениски терени, масажа, пилинг, СПА центар, салон за убавина, билијард, спортови на вода, со доплата.
Забавни програми во текот на денот, различни натпревари, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години поделени во групи според возраста со програми во текот на денот и вечерно мини диско. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Merkez Mahallesi, Yeni Mah Sehit Polis Cemal ilgaz Cad. No:8, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps