Прескокни кон содржината
RIXOS PARK BELEK
Повлечи за повеќе слики

RIXOS PARK BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Богазкент на 50 км од центарот на Анталија, 40 км од аеродромот во Анталија и 5 км од најблиското населено место.

Сместување

Вкупно 230 соби.
Garden соби (28-30м², една спална со француски кревет или два единечни кревети + една софа, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Стандардни соби без балкон (28-33м², една спална со француски кревет + софа, едно куплатило, макс. 2+1 лице).
Стандардни соби (23м², со директен поглед на море, една спална, едно купатило, џакузи на широка тераса со лежалки, макс.2 лица).
Стандардни соби со кревети на спрат (30-33м² една спална со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Јуниор апартман (30-35м², една спална со француски кревет + софа, макс. 2+2 деца).
Фамилијарни соби (41м², две спални со врата помеѓу, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со купатило - туш кабина и фен, бањарка, влечки, систем за климатизација работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, а после се дополнува само со вода), сет за кафе и чај, сеф, TV со сателитски програми и музички канали, WI-FI интернет, балкон (не во сите соби).

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро и попладне, ручек, вечера, вечерни закуски, сладолед во определени часови, свежо цеден сок од
портокали само за појадок, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, пијалоци во Диско клуб, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: Луксузни увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.

Содржини

Cristal - главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани: со турска, италијанска и рибен ресторан, лоби бар, снек бар, диско клуб. Со доплата услуга за доктор, услуга за чување деца, перална, хемиско чистење, телефон, факс, интернет ќоше и компјутерски игри, продавници, услуга за чување деца, изнајмување кола, фризер.

Плажа

Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа – бесплатно.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика. Со доплата сите спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, часови за тенис, билијард, СПА центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, забавни програми во текот на вечерните часови. Мини клуб за деца-Toucan. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Belek, Turban Cd No:31, 07500 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps