Прескокни кон содржината
RIXOS DOWNTOWN ANTALYA
Повлечи за повеќе слики

RIXOS DOWNTOWN ANTALYA

Анталија ЦентарUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya City

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Кониалти, 1 km од центарот на Анталија и 18 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 360 соби.

Standard rooms (32 m², една спална со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс 2+1 лице).

Comfort rooms (32 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, две софи, едно купатило, макс. 2+2 лица).

Connection rooms (64 m², две спални соби, две купатила, макс. 4 лица).

Junior suits (46 m², една голема спална соба со француски кревет, дел за седење и во собата и на балконот, макс. 3 лица).

Deluxe Terrace suits (46 m² соба и  20 m² тераса, една спална соба и дел за седење, макс. 3 лица).

Terrace Family suit (64 m² + 20 m² тераса, две спални соби, две купатила, макс. 6 лица).

Deluxe suit (80 m², голем дупли кревет и дел за седење).

King suit (128 m², две спални соби, две купатила – едното е со џакузи, дел за седење).

Сите соби се со балкон или тераса, со поглед кон планина или море, сопствено купатило со када и туш, бањарка, влечки, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво при пристигнување, а подоцна е со доплата), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, бесплатна Wi-Fi интернет конекција.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот, пијалаци во Tropic Bar покрај базен од 10:00 до 24:00 часот, Aruna бар на плажа од 08:00 до 20:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и бесплатно еднаш за време на престојот (мин. 4 ноќевања).

Не се вклучени: останати увозни пијалаци кои не се на мени листата, премиум пијалаци и специјални вина, услуга во соба.

Содржини

Панорамски главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани и барови.

ВИП ресторан, услуга во соба, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, фризер, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет насекаде во хотелот.

Плажа

Хотелска приватна плажа на околу 300 m од хотелот, директно пристапна со лифт. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Приватните павилјони се до претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни, базен за деца, фитнес, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени.

Со доплата: масажа, џакузи, Спа центар, осветлување на теренски терени и опрема, спортови на вода.

Rixy мини клуб за деца од 4-16 години, поделени по возрасни групи, со разни програми во текот на денот и навечер.

Бесплатен трансфер и влез во The Land Of Legends theme Park.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Meltem, Sakıp Sabancı Blv., 07030 Muratpaşa/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps