Прескокни кон содржината
RIOS BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

RIOS BEACH HOTEL

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби, на 12 km од центарот на Кемер и на 40 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот располага со 120 соби. Хотелот е реновиран во 2023 година - сите соби и јавните површини.Сите соби имаат купатило со када и туш, фен, сплит систем за климатизација, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ, музички канали, тепих на подот, балкон.

Стандардни соби  20-22 m², една соба, купатило, макс. 2 + 2 деца.

Фамилијарни соби 30 – 35 m², една голема соба со брачен кревет и два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневнизакуски, локални алкохолни пијалаци (водка, џин, наливно вино, пиво) и безалкохолни пијалаци и овошни концентрирани сокови, чај, кафе од 10.00 – 21.30 часот. Во барот на плажа само водата е бесплатна од 08.00 до 18.00 часот.

Со доплата: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, храна и пијалаци по 21.30 часот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса и бар покрај базенот.

Со доплата: доктор, телефон, факс, изнајмување кола.WI-FI интернет конекција се наплаќа.

Плажа

Хотелска приватна плажа со ситни камчиња на 20 m оддалеченост. Лежаликте и чадорите за сонце се бесплатни.Крпи за на плажа не се достапни.Има улица помеѓу хотелот и плажата.

Спорт и забава

Надворешен базен со дел за деца, турска бања, сауна.

Со доплата: спортовите на вода на плажа и масажа .

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Beldibi Mahallesi Başkomutan, Atatürk Cd. No:516, 07900 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps