
RAMADA RESORT LARA BY WYNDHAM LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара на 14 km од аеродромот во Анталија и на 10 km од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 395 соби, распоредени во четири блока.
Superior rooms (28 m², една спална со француски кревет + еден единечен кревет и еден кревет на расклопување, купатило, макс.2+2 деца).
Standard rooms (26 m², една спална со француски кревет или со два единечни кревети, купатило, макс.2 лица).
Family suits (68 m², две одвоени спални, една дневна соба, едно купатило, макс.5+1 дете)
3 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, влечки,централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со вода и сокови), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет до 1GB, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот и доцна навечер, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци (увозни пијалаци во некој од баровите и со доплата), À la Carte ресторани (лоцирани во Ramada Beach Club) се со претходна резервација и само еднаш за време на 7-дневен престој, Ramada Beach клуб е отворен од 10.00-23.00 и е вклучен во ultra all inclusive концептот, сладолед на плажа и на базен во одредени часови во денот. Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, увозни пијалаци кои не се на мени листата, флаширани пијалаци, специјални вина, увозни вина, свежо цедени сокови, BBQ ресторан и второто користење на À la Carte рестораните, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - Ottoman - турски, Verona -италијански, Asia - азиски, мексикански и рибен ресторани, BBQ ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска песочна плажа Ramada Beach Club, на 350 m од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа дополнително се наплаќаат. Има бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, тобогани за деца и возрасни, тениски терени, гимнастика, пикадо, фитнес центар, турска бања, соба со пареа, сауна, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, билијард, масажи, осветлување на тениски терени, Спа центар, обука за нуркање дополнително се наплаќаат.
Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 год со различен програм прилагоден според возраста, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Yaşar Sobutay Bulvarı No:29/C, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps