Прескокни кон содржината
RAMADA RESORT BY WYNDHAM SIDE
Повлечи за повеќе слики

RAMADA RESORT BY WYNDHAM SIDE

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Гундогду, на 16 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 290 соби во три блока.
Standard rooms (25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+ бебе).
Family rooms (50 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Superior rooms (30 m², една голема соба со француски кревет и еден единечен кревет, еден кревет на расклопување, макс. 2+2 деца).
Economy rooms (22 m², исти како стандардните, но без балкон, макс. 2 лица).
И 2 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI‑FI интернет конекција, балкон или француски балкон.

Услуга

Услуга: Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски од барот на базен и барот на плажа, вечера, ноќна супа до 00:30 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот, бар на плажа со закуски и пијалаци (безалкохолни пијалаци, вино и пиво) од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот (само во еден од рестораните).
Не е вклучено: увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Ottoman – турски ресторан и Cibo – италијански ресторан, бар за закуски на базен, витамински бар, бар на плажа, лоби бар.
Доктор, телефон, факс и продавници се со доплата. WI‑FI интернет конекција е со доплата.

Плажа

Хотелска песочна плажа на 600 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа. Бар на плажа, кабини за пресоблекување и тушеви се на располагање на плажата. Има бесплатен шатл превоз до плажата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 6 тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг и одбојка на плажа.
Се доплаќаат: водени спортови, масажа, СПА и центар за убавина.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 до 12 години. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kısalar Mah, Merkez Sokak No:93/1, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps