
RAI FORESTA TEKIROVA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Текирова на 17 км од Кемер и 70 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 214 соби во главна зграда и 62 соби во анекс зграда.
Стандардни соби (23 м², една спална соба со француски кревет и софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци при пристигнување), сеф, керамички под или под со килим, сателитска телевизија и музички канали. Собите можат да бидат во главна зграда или анекс.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуска наутро и попладне, вечера, ноќна закуска, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 23:00 часот, бар на плажа од 10:00 – 16:00 во кој се служи пиво и безалкохолни пијалоци, сладолед попладне.
Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, турско кафе, енергетски пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, слаткарница, À la Carte ресторан - турски и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници се со доплата. WI-FI интернет е со доплата.
Плажа
Хотелска приватна камчеста плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базена деца и возрасни, три лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терен, одбојка на плажа. Со доплата: осветлување на тениски терени, спортови на вода, SPA, Велнес центар, билијард.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа за возрасни и деца. Шоу програми навечер. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Tekirova, Şht. Er Hasan Yılmaz Cd. No:18, 07995 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps