
QUEENS PARK GOYNUK
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 6 km од Кемер и 46 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 475 соби во главната зграда и во Клубскиот дел (29 блока на два или три ката).
Hotel standard rooms (25 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
Hotel family rooms (30 m², две спални соби кои не се одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).
Club standard rooms (20 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
Club family rooms (31 m², една голема спална соба, со француски кревет + два единечни кревети, одвоени со параван, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби во главната зграда се со сопствено купатило со када, фен за коса, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, керамички под и балкон.
Клуб собите се во блокови на 2 или 3 ката со сопствено купатило со туш кабина, фен, сплит клима, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, керамички под и балкон. Клуб делот е преку улица, поврзан со главната зграда со мост. Растојанието помеѓу Клуб собите и главната зграда е помеѓу 300-500 m.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, попладневни колачи, вечера, полноќно бифе до 01:00 часот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани се со претходна резервација и еднаш за време на престојот од минимум 7 дена.
Не се вклучени: специјални увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, бар покрај базен, диско бар, лоби бар.
Доктор, чување деца, перење и пеглање алишта, телефон, факс, интернет, продавници, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен само во лоби.
Плажа
Хотелска плажа со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика.
Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терен и опрема, Велнес центар, школа за нуркање.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, специјални програми и шоу во вечерните часови со стручен тим. Мини клуб за деца од 4 – 12 години со програми во текот на денот и навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Queen's Park Göynük Cumhuriyet Mah. Ahu Ünal Aysal Cad. No: 31, Göynük, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps