
Q AVENTURA PARK HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Окурџалар, на 88 km од аеродромот во Анталија и на 33 km од Аланија.
Сместување
Вкупно 237 соби.
Standard rooms (20-25 m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Family large rooms (25-35 m²; еден француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен за коса, влечки, сплит клима, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф, под со тепих, сателитска ТВ со музички канали и балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневно кафе, чај и колачи, вечера, ноќна закуска до 01:00 часот. À la carte ресторан со претходна резервација, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалаци што не се на менито, специјални вина, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со буфетска услуга, À la carte ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, диско бар.
Со доплата: докторски услуги, чување на деца, фризер, перење алишта, интернет, телефон, факс, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет конекција во лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња, со бесплатни лежалки и чадори. Крпи за плажа се добиваат со депозит.
Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, два тобогани, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, турска бања и сауна бесплатно.
Со доплата: водени спортови, масажи, спа центар, рефлектори за тениско игралиште, билијард и компјутерски игри.
Дневни забавни програми, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу-програми. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Alparslan Türkeş Blv No:199, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps