Прескокни кон содржината
PORTO BELLO HOTEL RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

PORTO BELLO HOTEL RESORT & SPA

Анталија ЦентарUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya City

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа на познатата плажа Кониалти, 8 km од центарот на Анталија и 20 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 346 соби.

Standard room side sea view (22 m², макс.2+1 лица - една спална со француски кревет + дополнителен кревет, купатило).

Family rooms (48 m², макс.4 лица - две спални одвоени со врата, едно купатило).

3 соби за лица со попреченост.

Сите соби се со балкон, приватно купатило со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (сокови, пиво и вода на пристигнување, а потоа се дополнува секој ден со вода), сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, вечера, попладне кафе, чај и колачи, полноќна закуска до 06 часот наутро, сладолед во одредени часови од денот, бар на плажа од 10.00 до 18.00 часот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот (мин. 7 ноќевања).

Не се вклучени премиум увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, Витамин бар, флаширани пијалаци.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански и рибен ресторан), барови низ хотелскиот комплекс.

Продавници, перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби, соби и на плажа.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на познатата Кониалти плажа (има тунел под патот). Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базен за деца, тобоган, тениски игралишта, пинг понг, пикадо, фитнес, сауна, турска бања, парна соба, одбојка на плажа.

Билијард, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, спортови на вода, масажа, Спа и Велнес центар дополнително се наплаќаат.

Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Liman, Akdeniz Blv. No:1, 07130 Konyaaltı/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps