
PORT NATURE RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 30 км од аеродромот во Анталија и 40 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 612 соби во неколку хотелски згради.
Стандардни соби (34 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.3 +1 бебе).
Фамилијарни соби (40 м², две спални соби одвоени со врата, дел за дневен престој, едно купатило, макс.4 лица).
King Suite (110 м², две спални соби одвоени со врата, дел со гарнитура за седење, едно купатило, макс.4 лица),
соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), сеф, сет за кафе и чај, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Премиум À la Carte се вклучено - Сите услуги се со концепт на À la Carte вклучувајќи детски мини клуб ресторан, целодневна услуга во À la Carte рестораните.
Само во главниот ресторан е швевдска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, специјално детско бифе, снек ресторани во текот на денот, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок од портокал, слаткарница, кафе, чај, сладолед на различни локации во хотелскиот комплекс, енергетски пијалоци, Davidoff Café od 10.00-18.00 часот со премиум кафе услуга, бар на плажа од 10.00-18.00 часот, À la Carte ресторани во вечерните часови со резервација однапред и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени премиум увозни пијалоци кои не се на листата, специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со француска, италијанска, азиска кујна и тоа еднаш за време на престојот со претходна резервација, снек бар, Диско бар, барови во хотелскиот комплекс. Со доплата услуга за доктор, чување деца, хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет ќоше, компјутерски игри, изнајмување кола. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце се бесплатни, крпите се со депозит. Павилјони на плажа со долата и претходна резервација.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен (полу олимписки) базени за возрасни и деца, Аква парк со 18 лизгалки, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, тениско игралиште се бесплатни.
Со доплата се масажа, Спа центар и центар за убавина, осветлување за тениски игралиште, куглање, спортови на вода, билијарди компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми во вечерните часови.
Мини клуб за деца од 4-12 години во текот на денот и мини диско во вечерните часови, жива музика и спортски активности.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Boğazkent Mahallesi 40.Sokak No:4 BELEK, 07500 Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps