
PASHA'S PRINCES (Adult Only)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Чамјува, 6 km од центарот на Кемер и 60 km од аеродромот во Анталија
Сместување
Хотелот располага со 84 соби. Сите соби имаат купатило со туш кабина, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, мини бар (вода и сокови се дополнува секојдневно), сет за чај и кафе, сеф, телефон, сателитска ТВ со музички канали, ламинтен под, Wi-Fi интернет, балкон.
Standard rooms 26 m², спална со француски кревет и еден единечен кревет, купатило, макс. 3 лица),
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневен чај, торти, колачи, вечера, сите локлни и безалкохолни пијалаци од 11.00 до 23.00 часот, бар на плажа со безалкохолни пијалаци и закуски од 10.00 - 18.00 часот, сладолед во определено време.
Со доплата: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци во шише и лименка, турско кафе, храна и пијалоци после 23.00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен,
Со доплата: доктор, перење алишта, телефон, факс.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња на 200 m од хотелот. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни, фитнес, сауна, турска бања, одбојка на плажа, пинг понг.
Забавни програми во текот на денот и ноќта неколку пати неделно.
Со доплата се спортови на вода, турска бања, сауна, масажа.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çamyuva, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps